|
СЕРТИФИКАТИ
Како големо
признание од долгогодишното искуство на Гема Пласт-КМ секако е стандардот
ISO 9001:2000 од реномираната британска индустрија за стандард BSI.
Воедно со добивањето на сетификацијата ISO 9001:2000 Гема Пласт-КМ
во целост се определи да ја спроведува Политиката на Квалитет, чии
основни принципи се:
- Креирање деловен систем за квалитет ориентиран кон купувачите,
со цел зголемување на нивната доверба.
- Ориентирање и прилагодување на пазарот, со цел зголемено
учество на истиот.
- Само квалитетен прозвод да биде доставен на ценетиот
купувач, со што ќе се зголеми и подобри имиџот на фирмата.
- Создавање коректни односи со добавувачите заради исполнување
на барањата на Гема Пласт-КМ и квалитетно добавување на репроматеријали.
- Идентификување и елиминирање на сите недостатоци кои можат
да предизвикаат губење на работа и купувачи, намалување на добивка
и се она што неповолно влијае на целата заедница.
- Сите вработени имаат овластување да работат во рамките
на нивните дефинирани овластувања.
- Исполнување на потребите на вработените.
© 2003 Гема Пласт - КМ
|
|