Гема Пласт - КМ

• ПРОФИЛ

        Компанијата "Гема Пласт - КМ" е основана во 1990 година и одтогаш работи во индустрискиот дел на општина Гевгелија, Македонија. Седиштето на компанијата е лоциано во индустрискиот дел на општина Гевгелија, сопствен посед од 3000 m2 од кои 1500 m2 се згради кои вклучуваат канцеларии, производствени капацитети и складишта. Гема Пласт - КМ последниве години достигна значајни позиции на македонскиот пазар. Успехот на компанијата е поттикант со нагорниот курс и зголемувањето на пазарниот сектор во македонската индустрија и е базиран на посветеноста на компанијата на висок квалитет на своите прозводи и услуги, брза и навремена услуга на сите клиенти, почитување и заштита на животната околина како и истражување на нови и подобри квалитетни производи. Подемот на Гема Пласт - КМ во една од најдинамичните фирми во индустриското поле на пластика во Македонија и Балканот е базиран на следново :

  • Модернизација на производните ресурси на компанијата и вработување на специјализиран технички и научен потенцијал.
  • Континуиран напор за подобрување на производите и услугите во рамка на Квалитетен Менаџмент Систем по стандард на ISO 9001:2000.
  • Извонредна услуга на клиентите во целиот тек на продажбата.
  • Развој на комплетна продажна мрежа на домашниот пазар и соседните земји на Балканот.
  • Компанијата е верифицирана со потврда издадена од Министерството за трговија на Р. Македонија за користење на знакот За наше добро - Made in Macedonia - Купувајте македонски производи.

На почетокот на 2000-та компанијата успешно проектира амбициозен инвестиционен план кој до 2005-та година се очекува да биде комплетиран односно финансиски и инвестиционо комплетиран. Во овој план се вклучени: зголемување на производството и модернизација на производните капацитети и проширување на компанијата со нови производи. Во финалната фаза на инвестициониот проект за производство на црева за наводнување по системот " капка по капка " кој е прв од ваков вид во нашата земја. Овој проект е финансиски помогнат од Министерството за економија на САД преку ПРИЗМА - Партнери за локален стопански развој во Македонија. Со финализација на овој проект се создаваат можности за решавање на проблемот за наводнување на сите индивидуални земјоделци со овој специфичен систем на иригација.

 

© 2003 Гема Пласт - КМ 
Почетна
Профил
Производи
Партнери
Клиенти
Сертификати
Контакт
Digital Dialect Designs